
КалПа ја прекина серијата од пет триумфи на Луко, откако денес го совлада со резултат од 2-0.
За гостите, ова беше прв овосезонски натпревар на кој не постигнаа ниеден погодок, а заслуга за сето тоа имаше домашниот голман – Јуха Јаткола.
Имено, Финецот, на својот десетти настап во 2022/23 дојде до третиот шут-аут, одбранувајќи го секој од вкупниот 21 противнички удар.
Од неговите соиграчи, во листата на стрелците се запишаа Оливер Капанен во втората и Јуусо Маенпаа во третата третина.
На табелата, КалПа скокна на четвртото место, додека Луко и покрај поразот го задржа врвот.




