Филаделфија Флаерс ја израмнија четврт-финалната серија против Њујорк Ајландерс на 1-1, откако победија со 4-3 после продолжение.
Во првата третина, Флаерс постигнаа три погодоци, а стрелци беа Кевин Хејс (х2) и Сеан Кутурие.
Во наредните два периоди, Ајландерс успеаја да го анулираат заостатокот и да го однесат мечот во продолжение. Најпрво, во втората третина погоди Андерс Ли, а Ентони Бовилие и Жан-Габриел Пажо го израмнија резултатот.
По неполни три минути игра во продолжението, Филип Мајерс им ја донесе посакуваната победа на Флаерс со својот втор гол во продолжение во кариерата.
Мајерс стана првиот дефанзивец на Филаделфија што постигнал победнички гол во продолжението на еден плејоф натпревар после Енди Делмор. Делмор погоди против Питсбург Пенгуинс на 2 мај 2000.



