Бојкот на кошаркарите на Милвоки Бакс!
Играчите на првопласираниот тим на Истокот, во пресрет на петтиот натпревар од осмина-финалната серија против Орландо Меџик, останаа во своите соблекувални и не излегоа на теренот. Одлуката не можеа да ја сменат ниту официјалните претставници на НБА, по што, се повлекоа и кошаркарите на Орландо. Поради ваквата одлука, натпреварот беше одложен.
Имено, причината за целата ситуација е полициската бруталност, односно пукањето на полицајците во Висконсин (сојузната држава од којашто потекнуваат Бакс) кон Џејкоб Блејк. Блејк, пред да биде пукан седум пати во грбот, спречил улична тепачка и тргнувал да влезе во својот автомобил. По добиените повреди, невиниот граѓанин останал парализиран од половината надолу.
Исто така, Бакс добија поддршка од други врвни кошаркари:



