Торонто Блу Џејс и Бостон Ред Сокс ги одмерија силите во нивниот синоќешен меч што Торонто го доби со убедливи 9-1.
Бостон игра очајно во последно време со само пет победи на последните осумнаесет натпревари.
Од друга страна, Торонто е релативно поуспешен со само три порази на последните единаесет средби, вклучувајќи го и поразот од Бостон пред два дена од 7-9.
На табелата на Источната дивизија на Американската лига, Торонто е третопласирана екипа (15-14), додека Бостон е петти (10-21).
Синоќа, единствениот поен за Ред Сокс го постигна Митч Морланд со хоум-ран во четвртиот ининг.
Торонто поентираше во првиот, вториот, четвртиот и седмиот ининг, а хоум-рани постигнаа Рендал Гричак и Роуди Тељез (х2).



