
Синоќа, Питсбург Пиратес влегоа во серија од пет порази, откако, после продолжение, загубија од Филаделфија Филис со 2-4.
Во регуларниот дел, Пиратес поведоа со 2-0, но со двата поени во седмиот ининг, Филаделфија избори дополнителен период и во истиот дојде до третата врзана победа.
За гостите, одличен беше стартниот фрлач, Бејли Фалтер, со осум страјк-аути, односно еден повеќе од сите негови колеги на противничката страна заедно.
Поените за поразениот состав ги дадоа Кевин Њуман и Ке’Брајан Хејс со хоум-ран.
На спротивната страна, во регуларниот дел поентираа Мет Вирлинг и Одубел Херера, а во продолжението – Рајс Хоскинс (хоум-ран) и Герет Стабс.
Во Националната лига, Филаделфија (53-47) го држи шестото место, а Питсбург (40-60) се наоѓа на тринаесеттата позиција.