
Во дваесеттото коло од АФЛ, Фриментл Докерс запишаа колосален пораз од Мелбурн Демонс со (5.9) 39-85 (12.13).
Со овој загубен меч, Докерс ги изгубија сите реални (но не и математички) шанси за освојување на првото место на табелата после регуларниот дел.
Моментално, клубот од Западна Австралија се наоѓа на петтата позиција, додека Мелбурн е втор со ист број на бодови, но со натпревар повеќе во однос на лидерите – Бризбејн Лионс.
На натпреварот, Демонс ја демонстрираа својата сила уште од самиот старт и убедливо ги добија сите четири четвртини.
Сите голови за Докерс беа дело на три различни фудбалери, односно на Грифин Лог (1.0), на Мајкл Волтерс (2.0) и на Мајкл Фредерик (2.2).
На спротивната страна, двоцифрен број на поени постигнаа Чарли Спарго (2.0), Бејли Фритч (3.0) и Кајзеа Пикет (3.2).