Синоќа, за првпат после 6 јануари 2019, Филаделфија 76ерс ги совладаа Далас Маверикс со резултат од 111-97.
На мечот, претставниците на Тексас беа конкурентни само во првата четвртина, а во понатамошниот дел, 76ерс константно имаа двоцифрена предност.
Најефикасен играч на паркетот беше Џоел Ембиид (Филаделфија), кој уфрли 23 кошеви, а по 15 додадоа уште Сет Кари и Бен Симонс.
Од редовите на Далас, најмногу се истакна Лука Дончиќ со 19 поени, со 3 скокови и со 4 асистенции.
Со новиот пораз, Маверикс (15-16) паднаа на десеттото место на Западот, додека Филаделфија (22-11) и понатаму го држи водството на Истокот.
📸 Jesse D. Garrabrant/NBAE via Getty Images



