За првпат после ерата на Вејн Грецки, односно после сезоната 1986/87, Едмонтон Оилерс успеаја да врзат шест гостински победи.
Синоќа, претставниците на сојузната канадска држава Алберта ги поразија Ванкувер Кенакс со 0-3.
Два погодоци на Едмонтон паднаа за време на пауер-плеј ситуации, а третиот беше постигнат на празна мрежа.
Имено, стрелци за победничкиот состав беа Алекс Чијасон, Јесе Пулјујарви и Конор МекДејвид.
Освен нив, голема заслуга имаше и голманот Мајк Смит, кој го запиша својот втор овосезонски шут-аут, откако ги одбрани сите 32 противнички шутеви.
Со петтата победа во низа, Оилерс стигнаа до второто место во Северната дивизија, додека четирите врзани порази на Кенакс резултираа со пад на седмата позиција.
📸 Jeff Vinnick/NHLI via Getty Images