Фудбалерот на Ренџерс, Алфредо Морелос, на мечот од Лига Европа против белгиски Антверпен, покажа дека фер плејот во фудбалот е жив и добро би било кога би имало повеќе вакви потези како неговиот.
Морелос беше во продор, кога еден противнички играч кој го чуваше се повреди, па Морелос наместо да тргне кон голот, бидејќи имаше повеќе простор, реши да ја прекине акцијата и застана, што наиде на одобрување од сите.
Ова се случуваше при 1:1, кога белгискиот тим уште имаше шанса да направи нешто повеќе во овој двобој. Во прилог и видео од целата ситуација:



