
Во пресрет на последната трка од сезоната 2021 во Формула 1, Макс Ферстапен и Луис Хамилтон имаа ист број на поени и ја делеа првата позиција во генералниот пласман.
Патеката во Абу Даби, ОАЕ, го одлучи исходот на целото првенство со тоа што на неа победи токму Ферстапен.
Холанѓанецот, кој ги брани боите на ,,Ред Бул”, во последниот круг од трилерот го претекна токму Хамилтон и во последен миг му ја ,,украде” титулата.
Хамилтон, иако водеше во поголемиот дел од циклусот, мораше да се задоволи само со втората позиција.
Подиумот во Емиратите го комплетираше Карлос Саинц, а до најдобриот пласман во кариерата дојде четвртопласираниот Јуки Тсунода.
Пласманот од петтото до десеттото место го дополнија: Пјер Гасли, Валтери Ботас, Ландо Норис, Фернандо Алонсо, Естебан Окон и Шарл Леклер.
Во вкупниот поредок, зад шампионот Ферстапен следуваа Хамилтон, Ботас, Серхио Перез и Саинц.
Од сите пилоти, единствени без освоен поен беа тимските колеги од ,,Хаас”, односно Мик Шумахер и Никита Мазепин.
ВИДЕО: https://fb.watch/9RSHEQXG9o/