Се ближи крајот на Мундијалот во Египет кој иако започна со многу проблеми, сепак најквалитетните и репрезентации со најголемо реноме се најдоа во самата завршница. Дојде моментот кога селекциите треба да се соочат во полифиналето и да се бараат финалистите на ова Светско првенство.
Битката ќе биде помеѓу четирите европски репрезентации. Првата двојка ја сочинуваат Франција и Шведска. Скандинавците иако дојдоа на овој шампионат десеткувани и со многу изменет состав сепак се покажаа во вистинско светло и сосема заслужено стигнаа до оваа фаза.
Од друга страна нивните ривали на овој меч, односно ,,Триколорите” тие како по обичај започнуваат бавно, но како се наближува борбата за медалите тие се креваат на едно високо ниво кое што е недостижно за сите останати.
Второто полуфинале е финале пред финале помеѓу Шпанија и Данска. Шпанците на секој натпревар играа до крај без штедење и без никакви калкулации и многу лесно ги совладаа на Норвешка во четвртфиналето.
Данска со нивната игра и пристап на теренот се издвојуваат за претенденти за медал, а нивната епска битка во 1/4 финалето против домаќинот Египет дали оставило трага веднаш ќе се забележи на полуфиналниот дуел, или тоа ќе биде мотив плус да дојдат до нивната цел.
Полуфинале Миндијал Египет 2021:
Франција – Шведска од 17:30 часот
Шпанија – Данска од 20:30 часот.