Феникс Санс ја искористија негативната серија на Вашингтон Визардс и рутински ги поразија со 118-98.
Визардс имаа водство само во неколку наврати во првата четвртина, а од вториот квартал, па сè до крајот, Феникс имаше двоцифрена предност.
Од победничките редови, дабл-дабл запиша Деандре Ејтон (15 поени и 10 скокови), а поефикасни од него беа Лендри Шамет (16) и ЏаВејл МекГи (17).
Кај Визардс, поентерски најистакнати беа Бредли Бил и Дени Авдија со 26, односно со 14 кошеви.
Во Источната конференција, Вашингтон (15-15) падна на десеттото место, а Феникс (23-5) го дели врвот на Западот со Голден Стејт Вориорс.