
Седумнаесеттото издание на Тур д Ски, во рамките на Светскиот куп во крос-кантри, беше отворено со спринтовите во Вал Мустер (Швајцарија) на еден и пол километар.
Кај дамите, огромно славје на домашната публика и’ донесе Надин Фендрих (3:23,5), која славеше по третпат сезонава.
Зад неа, после неверојатен завршен трк, заврши Маја Далквист (+0,47), оставајќи ги зад себе сестрите Лота Уднес Венг (+0,62) и Тирил Уднес Венг (+2,35), а во финалето се најдоа уште Фрида Карлсон (+3,39) и Ане Шерсти Калваа (+7,95).
Во машка конкуренција, Јоханес Клебо (3:01,01), триумфираше после огромна борба со Федерико Пелегрино (+0,18), а до вториот подиум на спринтерска трка стигна и Синдре Бјорнштад Скар (+2,19).
Позади нив, од финалистите, се пласираа Михал Новак (+3,39), Ришар Жув (+3,41) и Лука Шанава (+28,66).
Имено, победниците, освен што го заземаат првото место во поредокот на турнејата, добија и шеесет секунди бонификација.