
Минатата недела, Есендон Бомберс загубија од Вест Коуст Иглс, односно од тимот, кој дотогаш имаше најслаб учинок во АФЛ.
Сепак, популарните Донс, успеаја да се вратат на победничките патеки, откако во шеснаесеттото коло, како потполни аутсајдери, славеа над Сиднеј Свонс со (15.5) 95-86 (12.14).
Во поголемиот дел од натпреварот, Сиднеј ја имаше резултатската предност на своја страна, но во финишот, домаќините направија серија од 30-6 и запишаа конечен триумф.
Од победничките редови, најефикасни фудбалери беа Џејк Стрингер (2.0), Питер Рајт (2.1) и Зек Мерет (3.0).
Кај ,,Лебедите”, двоцифрен број на поени постигнаа Ленс ‘Бади’ Френклин (2.1), Ајзак Хини (2.1), Сем Рид (2.2) и Чед Варнер (3.1).
На табелата, Сиднеј остана на шестото место, додека Есендон ја зазема шеснаесеттата позиција.