
Со заминувањето на талисманот, Лоренцо Инсиње, екипата на Наполи остави ,,дупка” на крилната позиција во нападот.
Наместо италијанскиот репрезентативец, од вчера, официјално беше доведено крилото на грузиската селекција – Хвича Кваратшкелија.
Кваратшкелија има дваесет и една година, но досега одигра шеснаесет мечеви за својата земја, на кои постигна осум погодоци.
Во сениорската кариера, Грузиецот играше за матичниот Динамо Тбилиси, за Рустави (со позајмица во Локомотив Москва), за Рубин Казањ и за Динамо Батуми.
По рускиот конфликт со Украина, Кваратшкелија се врати во својата татковина, каде што на единаесет средби за Динамо Батуми запиша осум голови.