Македонскиот репрезентативец, Стефан Ашковски го постигна својот деби гол во дресот на Ботошани во првата лига на Романија. Ашковски со вистинска мајсторија на ефектен начин погоди во 20. минута против Волунтари. Натпреварот заврши со конечни 1:1, што беше доволно за Ботошани да се пласира во плеј-офот на Романија, и да се бори за титулата.



