Две екипи што се борат за промоција во Премиер лигата, Вотфорд и Рединг, го отворија 41. коло од тековната Чемпионшип сезона.
Имено, накрај до победата стигнаа домаќините од Вотфорд, кои триумфираа со 2-0.
Стрелец и на двата погодоци беше Исмаила Сар (12′, 14′), кој погоди од единствените два шутеви во рамките на голот на Рафаел Кабрал.
Во 33. минута, Рединг беше на чекор до преполовување на својот заостаток, но Георге Пушкаш погоди статива од стопроцентна прилика.
Во вториот дел, темпото на играта потполно опадна, а Рединг имаше уште неколку прилики што беа лесен плен за голманот на ,,Хорнетс” – Даниел Бахман.
Со оваа победа, Вотфорд остана на втората позиција и со ,,една нога” влезе во Премиер лигата, додека Рединг сè уште е во плејоф-зоната, заземајќи го шестото место.
📸 Charlotte Wilson/Offside/Offside via Getty Images



