
Домашните навивачи на ,,Гудисон Парк” искусија победа за првпат после 29 септември, откако во рамките на петнаесеттото коло од Премиер лигата, Евертон го порази Арсенал со 2-1.
После повеќе од два месеци без триумф, фудбалскиот директор на Евертон, Марсел Брандс, поднесе оставка, а тренерот Рафа Бенитез доби целосна поддршка од управата на клубот.
Шпанецот, при првиот обид, ги оправда очекувањата и ги предводеше ,,Карамелите” до славје после пресврт.
Во судиското продолжение на првото полувреме се чинеше дека Арсенал ќе ја продолжи негативната серија на клубот од Ливерпул бидејќи Мартин Одегаард (45+2′) погоди за 0-1.
Сепак, на 1-1, со третиот гол на мечот, но прв од регуларна позиција, израмни Ришарлисон (79′), а ремек-делото на Демарај Греј (90+2′) ги остави трите поени во Мерсисајд.
На табелата, Евертон скокна на дванаесеттото место, додека Арсенал остана на седмата позиција.



