
Второто натпреварување во Висла од новата сезона на Светскиот куп во ски скокови во женска конкуренција заврши со славје на Австрија.
Имено, до првата овосезонска победа и до првото место во генералниот поредок дојде Ева Пинкелних со скоковите од 129 и од 128,5 метри.
Второто место со единаесет поени заостаток го освои Германката Катарина Алтхаус, која прескокна 131 метар во втората серија и ја остави зад себе на подиумот Фрида Вестман.
За два бода, без пиедестал остана Ника Крижнар, а по неа, од првите десет, следуваа Сара Таканаши, Марита Крамер, Силје Опсет, Јуки Ито, Ринго Мијаџима и Жозефин Пање.