
Авангард Омск дојде до шестата победа на последните седум средби, откако денес славеше над Витјаз Подолск со 3-1.
После само седумнаесет секунди, Корбан Најт ги донесе домаќините во водство, но набргу, Александер Јаремчук израмни на 1-1.
Сепак, до крајот, со по еден гол во наредните две третини преку Рид Бушер и преку Алекс Броудхарст, ,,Јастребите” дојдоа до два поени.
После меѓусебниот натпревар и двете екипи ги заземаат шестите позиции во своите соодветни конференциии.