Костадин Петров (29 г.), кој игра на пикерската позиција, во следните две години ќе го носи дресот на Металург.За Петров тоа значи враќање во Автокоманда, бидејќи за Металург настапувал во периодот од 2015 до 2018 години. По заминувањето од Металург, Петров по една сезона мина во битолски Пелистер, во шпанска Гвадалахара и во романската Сучеава.Во Металург, Петров ќе ја дели минутажата со Милан Лазаревски и со Андреј Митиќ, и ќе претставува значаен адут во тимот на тренерот Иван Марковски.
Искусниот голман на Металург, Даниел Дупјачанец, и во наредните две години ќе биде дел од Металург. Капитенот на нашиот тим, своите успешни настапи денеска ги круниса со нов двегодишен договор.Во нималку лесната сезона за нашиот клуб, во услови на пандемија и честите прекиди, токму Дупјачанец беше еден од нашите најдобри поединци, кој често знаеше да го смени текот на натпреварите и да им помогне на своите соиграчи да дојдат до посакуваната цел.Особено за паметење е финалната средба со екипата на Вардар во Купот на Македонија во Куманово, во 2019 година, кога Дупјачанец го одигра својот најдобар натпревар во нашиот дрес и имаше најголем допринос при освојувањето на титулата, бидејќи нанижа 16 одбрани во регуларниот дел, а потоа ги одбрани ударите на Чупиќ и на Дибиров во пенал-серијата.Покрај потписот на Дупјачанец, Металург е во потрага по уште еден голман, бидејќи нашиот досегашен чувар на мрежата, Даниел Ѓорѓески, се реши за интернационална кариера и ќе настапува за екипата на Будакалас во првенството на Унгарија.