Новиот стопан на белата маичка, Џеј Хиндли, беше победник на осумнаесеттата етапа на Џиро д’Италија. Веднаш зад него, во неверојатна завршница без заостаток, заврши Тао Геоган Харт, а Пељо Билбао (+0:46) беше трети.
Досегашниот првопласиран во вкупниот поредок, Жоао Алмеида, повторно имаше заостаток од речиси пет минути (+4:51) и ја заврши етапата на седмото место, но ја изгуби розевата маичка за првпат после третата етапа. Имено, Португалецот падна на дури петтото место во генералниот пласман (+2:16), а новиот водечки е Вилко Келдерман. Помеѓу нив двајца, се наоѓа првопласираното трио од денешната етапа по истиот редослед (Хиндли, Геоган Харт и Билбао).