Автомобилист од Екатеринбург ја запиша седмата победа на последните девет дуели, откако денес го совлада Нефтехимик од Нижњекамск со 2-5.
Од петтата до шестата минута, Автомобилист стекна предност од 0-2, со двата брзи погодоци на Алексеј Василевски и на Андреј Обидин.
Десетина минути подоцна, Нефтехимик го преполови својот заостаток преку Рафаел Бикмулин, а до крајот на првата третина, Џиоф Плат ја врати ситуацијата на статус кво, постигнувајќи го третиот гол за Автомобилист.
Марат Хаирулин беше единствен стрелец во втората третина, после којашто резултатот на семафорот гласеше 2-3.
Во третиот дел, Автомобилист само ја завери својата победа, благодарение на двата гола од страна на Анатоли Голишев и на Брукс Мајсек.
По оваа средба, тимот од Екатеринбург е прв со три поени предност во однос на второпласираниот Авангард Омск, додека Нефтехимик ја зазема претпоследната позиција на Истокот.