
Првото натпреварување од Светскиот куп во алпско скијање после ЗОИ 2022 беше денешниот спуст во Кран-Монтана (Швајцарија).
На него, до третата победа во кариерата во овој спорт дојде и актуелната сноубордерка – Естер Ледецка (1:30,17).
На второто место заврши Норвежанката Рагнилд Мовинкел (+0,21), која дојде до осмиот подиум во кариерата и втор во тековната сезона после тешката повреда.
Третата позиција ја зазеде една од двете победнички на последната трка пред олимпискиот циклус, Корнелија Хитер (+0,42), доаѓајќи до седумнаесеттиот пиедестал во кариерата.
Најдобрата домашна скијачка беше четвртопласираната Пришка Нуфер (+0,81), а под една секунда во однос на Ледецка доцнеше уште Мирјам Пухнер (+0,98).
Во првите десет се најдоа уште: Јоана Хелен (+1,11), Мишел Гизин (+1,12), Мари-Мишел Гањон (+1,19), Тамара Типлер (+1,20) и Корин Сутер (+1,22).
Од фаворитките, дванаесетта беше Софија Гоџа (+1,47), трката не ја заврши Лара Гут-Бехрами, а на стартот не се појави Кира Вајдле.



