Екипата на Еурофарм Пелистер 2 со победа на гости кај ГРК Охрид (25-28) го заврши регуларниот дел од македонскиот ракометен шампионат и вторпат оваа сезона им одолеа на „рибарите“, по она реми на првиот натпревар во Битола (28-28).
Стружанецот Емилијан Ѓорговски со 9 гола беше прво име во победата на тимот од Битола.