
Есендон Бомберс дојдоа до само втората победа на последните девет средби, откако во четиринаесеттото коло ги изненадија Ст. Килда Сеинтс со (11.6) 72-107 (15.17).
Бомберс имаа резултатска контрола во првото полувреме, но со низата од 30-2 на стартот на третата четвртина, ,,Светците” се приближија на само поен негатива.
Сепак, номиналните гости, до почетокот на четвртиот квартал, направија серија од 38-2 и приредија мирен финиш на натпреварот.
Од победничките редови, најрасположени во нападот беа Мет Гвелфи (2.0), Сем Дрејпер (2.0), Херисон Џонс (2.1), Џејк Стрингер (2.2) и Питер Рајт (4.2).
На спротивната страна, кај Ст. Килда, двоцифрени беа Џек Билингс (2.0), Џек Хигинс (2.0) и Џејд Грешам (3.1).
Ситуацијата на табелата остана непроменета со тоа што Ст. Килда го задржа осмото, а Есендон – шеснаесеттото место.