Шпанскиот тенисер Рафаел Надал на прес-конференција откри дека ќе отпатува за Лондон, но и дека наскоро ќе стане татко.
Целиот тениски свет со нетрпение очекуваше што ќе каже славниот Шпанец во своето обраќање до јавноста на конференцијата закажана во Мајорка. Откако го одработи утринскиот тренинг, Рафа се појави пред претставниците на „седмата сила“.
Рафаел Надал на почетокот на обраќањето објави каква е состојбата на стопалото и како поминала терапијата. Тој детално опиша како течело закрепнувањето.
„Третманот со радиофреквенција изгледа дека функционираше, но на стапалото му треба време да се навикне“, рече Рафа.
Тој откри дека планира да игра на Вимблдон и дека ќе отпатува за Лондон и покрај тоа што терапијата на стапалото не му е завршена и дека чувствува малку „чудна болка“.
Тој има намера да отпатува следната недела и да учествува на подготвителниот турнир, за што подобро да се подготви за грен слемот во Лондон.
Пред неколку дена се појави информација дека шпанскиот тенисер наскоро ќе стане татко, но тој не беше многу елоквентен за тоа.
-Знаете дека го чувам мојот приватен живот и не зборувам за тоа, изјави Рафа и потврди дека наскоро ќе стане татко и дека таа улога нема да влијае на кариерата.