
Џакара Ентони стана шестата освојувачка на златен медал на ЗОИ во историјата на Австралија.
22-годишната Ентони денес триумфираше на натпреварувањето во могулс во фристајл скијање со освоени 83,09 поени.
Зад неа, како последна со над осумдесет бодови, заврши Американката Џелин Коф (80,28), а со бронза се закити младата Русинка – Анастасија Смирнова (77,72).
За сите три натпреварувачки, денешните одличја беа воедно и први олимписки во нивните кариери.
Во продолжение, пласманот во финалето го комплетираа: Перин Лафонт (77,36), Анри Кавамура (77,12) и Оливија Џачо (75,61).