
После трите последователни златни медали на 5000 метри во брзо лизгање на претходните три ЗОИ, Холанѓанецот Свен Крамер беше тргнат од врвот.
Имено, новиот олимписки шампион во оваа дисциплина е актуелниот светски рекордер, Нилс ван дер Поел, кој денес постави нов олимписки рекорд од 6:08,84 минути, иако заостануваше над две секунди во првата половина од трката.
Зад него, на втората заврши Холанѓанецот Патрик Рест (6:09,31), кој првично го сруши олимпискиот рекорд на легендарниот Крамер, но накрај беше поразен од ван дер Поел.
Со бронзен медал се закити Норвежанецот Халгеир Енгебраатен (6:09,88), освојувајќи го првиот олимписки медал во кариерата.
Неговиот денешен партнер на ледот, Сергеј Трофимов (6:10,27), заврши на четвртото место, иако ја имаше бронзата во раце сè до лизгањето на новиот шампион, а пласманот во првите пет го комплетираше Јорит Бергсма (6:13,18).