Петтиот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во биатлон во тековната сезона се одржува во германскиот Оберхоф, кој воедно е третата различна локација сезонава, после Контиолахти и Хохфилцен.
На денешната програма беа потерите во машка и во женска конкуренција, базирани на вчерашните резултати од спринтот.
Кај жените, Тирил Екоф (32:20,9) ја искористи стартната предност и само за половина секунда беше побрза од сонародничката Марте Роиселанд. Лиза Тереза Хаузер (+43,0) по вторпат во низа се најде на третото место, а во првите пет се пласираа уште Светлана Миронова (+1:11,2) и Ане Шевалие-Буше (+1:20,8).
Кај мажите, третото и четвртото пукање направија огромни промени во распоредот, од кои, најмногу загубија браќата Јоханес Тингнес и Тарјеи Бо.
Сепак, Норвешка запиша хет-трик, откако Стурла Холм Лагреид (36:01,8) дојде до победата пред Јоханес Дале (+15,6) и пред Тарјеи Бо (+25,4). На четвртото и на петтото место завршија Фабиен Клод (+30,7) и Лукас Хофер (+36,4).
📸 BARBARA GINDL/APA/AFP via Getty Images