По вчерашните спринтови, на денешната програма од Светскиот куп во биатлон беа потерите во Нове Место, Чешка.
Кај дамите, Тирил Екоф (27:28,0) го одбрани вчерашното прво место и ја запиша осмата овосезонска победа во ова натпреварување.
Германката Денизе Херман (+24,0) го освои второто место и го запиша вториот овосезонски подиум.
Во битката за третата позиција, учествуваа четири скијачки, а нивниот краен поредок гласеше: Марте Олсбу Роиселанд (+29,9), Лин Персон (+30,9), Франциска Пројс (+35,8) и Јулија Џима (+39,8).
Во машка категорија, браќата Бо ги зазедоа првите две позиции, со тоа што Тарјеи (28:17,3) беше прв, а Јоханес Тингнес (+8,2) беше втор. За Тарјеи, ова беше прва победа во потера после десет години.
Вчерашниот победник, Симон Дестио (+11,5) заврши на третото место, а по него следуваа Јаков Фак (+12,8) и Стурла Холм Лагреид (+13,4).
📸 Manzoni/IBU