Во рамките на 13 коло од Третата лига Југозапад во малото локално дерби помеѓу ФК Белица и Фк Македонија од Враништа одиграа ефикасно реми од 2:2. Двете екипи одиграа со сите сили во трка на бодовите и на крај се задоволија со по еден освоен бод.
Екипите на Белица и Македонија се во сигурната зона и не би требало да биде загрозен нивниот статус во лигата. Освен тоа гостинскиот тим жали поради недосуден пенал во 80 минута од натпреварот.