
Синоќа, со триумфот од 133-104, Мемфис Гризлис ја прекинаа низата од четири победи на Далас Маверикс.
Двете екипи одиграа компетентно прво полувреме, но клучни за поразот на Далас беа вторите две четвртини, кои Мемфис ги доби со 73-47.
Од редовите на победничкиот состав, Џа Морант постигна 24 поени од 7/13 шутеви од поле, а уште 22 поени додаде и Дилон Брукс.
Од противничкиот табор, најефикасен беше Тим Хардавеј Џуниор со 19 кошеви, а Лука Дончиќ постигна само 12 поени.
На табелата на Западот, Далас (40-29) го држи петтото место, додека Мемфис (36-33) ја зазема деветтата позиција.



