Роберт Билбилов ја објави својата нова песна „Нигде не те наоѓам“. Музиката и аранжманот се на самиот Роберт, додека прекрасниот текст е дело на Робин Зимбаков. Во спотот за оваа нумера се појавува манекенката Ирина Кузевска, а истиот е дело на „Motion Emotion Film Production“ и Јован Куциноски. За изгледот на Роберт и Ирина во спотот се погрижија Даниел Николовски , Викторија Бурсаќ и модниот дизајнер Мите Занов.
Уживајте!