Синоќа беше одигран последниот меч од регуларната сезона во Источната дивизија на НХЛ.
Во него, силите ги одмерија Вашингтон Капиталс и Бостон Бруинс.
Домаќините од главниот град на САД успеаја да дојдат до втората победа во низа, откако со пресврт славеа со 2-1.
Најпрво, во средината на втората третина, Куртис Лазар го отвори резултатот, носејќи им предност од 0-1 на Бруинс.
Во продолжение, Карл Хагелин и Михаел Рафл ја затресоа мрежата на Џереми Свејмен, комплетирајќи го пресвртот на Капиталс и поставувајќи го конечниот резултат.
На табелата, Вашингтон го зазема второто, а Бостон – третото место што значи дека овие две екипи ќе се соочат во првата фаза од плејофот.