Синоќа, Монтреал Канадиенс дојдоа до седмиот пораз на последните десет мечеви, откако загубија со 4-1 од Едмонтон Оилерс.
Првата третина заврши без голови, а резултатот беше отворен во втората, кога новото засилување, Ерик Стаал, им донесе предност на гостите од Монтреал.
Сепак, во третиот период, Оилерс потполно издоминираа, затресувајќи ја мрежата на Џејк Ален дури четири пати.
Домаќините, во последните дваесет минути, имаа 21,05% успешност од ударите кон противничкиот гол, односно погодија 4/19 шутеви.
Најпрво, на 1-1 израмни Итан Бер, кој даде гол за првпат после 48 натпревари, а победата ја обезбедија Конор МекДејвид, Јесе Пулјујарви и Девин Шор.
На табелата на Северната дивизија, Едмонтон се наоѓа на третото, а Монтреал на четвртото место.
📸 Andy Devlin/NHLI via Getty Images