Премиерниот натпревар од синоќешната МЛБ програма го одиграа две ,,чорапести” екипи, односно Бостон Ред Сокс и Чикаго Вајт Сокс.
На него, претставниците на Бостон триумфираа со 11-4 и ја прекинаа мини-серијата од два порази.
Имено, домаќините го најавија триумфот уште во првиот ининг што го добија со 6-1, а останатите поени ги постигнаа во четири други периоди.
Од друга страна, Вајт Сокс запишаа по еден поен во сите непарни деветтини, освен во последната, а по четири бази освоија Тим Андерсон (х2), Ник Мадригал и Лери Гарсија.
За Ред Сокс, хоум-ран постигнаа Енрике Хернандез, Џеј Ди Мартинез и Алекс Вердуго, а поени освоија уште Рафаел Деверс (х2), Кристијан Вазкез (х2) и Марвин Гонзалез.
На табелата на Американската лига, Бостон (11-6) го зазема првото место, додека Вајт Сокс (8-9) се наоѓаат на осмата позиција.
📸 Kathryn Riley/Getty Images