Откако загуби после продолжение (127-115) пред три дена, синоќа, Јута Џез успеаја да го возвратат ударот и да слават над ЛА Лејкерс со 97-111.
Гостите од Солт Лејк Сити водеа во текот на цел натпревар, а двоцифрената предност ја стекнаа уште во втората четвртина.
И во двата состави, поради повреда, фалеа најголемите асови: ЛеБрон Џејмс и Ентони Дејвис кај Лејкерс, односно Донован Митчел кај Џез.
На мечот, најефикасен беше Тејлен Хортон-Такер (ЛА Лејкерс) со 24 поени, а неговиот соиграч, Кајл Кузма, додаде уште 17 кошеви.
Од таборот на Јута, дабл-дабл имаа Мајк Конли (14 поени и 10 асистенции) и Руди Гобер (14 поени и 10 скокови), а најпрецизен, со 22 кошеви, беше Џордан Кларксон.
На табелата на Западот, Јута (43-15) го држи првото, а Лејкерс (35-23) – петтото место.
📸 Harry How/Getty Images



