Последниот синоќешен двобој во НФЛ го одиграа дивизиските ривали Тампа Беј Баканирс и Њу Орлеанс Сеинтс.
Сеинтс успеаја да триумфираат со неочекувана разлика од 3-38 за преземање на приматот во НФК Југ со учинок од 6-2, во споредба со 6-3 на денешните ривали.
На полувремето, гостите имаа предност од 0-31, стекната со тачдауните на Тре’Квон Смит, на Адам Траутман, на Емануел Сандерс и на Алвин Камара, како и шутевите на Вил Латц.
Третата четвртина беше без поени, а во четвртата, Џош Хил уште еднаш ја внесе топката во домашната енд-зона за водство на Сеинтс од 0-38.
Баканирс успеаја барем за нијанса да го поправат впечатокот со филд-голот на Рајан Сакоп на шест минути пред крајот.
Том Брејди фрлил три пресечени додавања и бил ,,секуван” три пати на ист натпревар за првпат после 10 јануари 2010 во плејофот против Балтимор Рејвенс.
Исто така, еден од најдобрите квотербекови во НФЛ никогаш не губел со повеќе од триесет разлика на полувреме во својата кариера (синоќа губеше со 0-31).
Накрај, Брејди го заврши натпреварот со 22/38 обиди за додавање и со 209 освоени јарди.
Во соработка со НФЛ Македонија



