Одличниот 22-годишен напаѓач Дембо Дарбо кој во досегашниот тек на првенството во Прва МФЛ има 10 погодоци и е на врвот на листата на стрелци заедно со Бесарт Ибраими од Шкендија, при тоа има и по еден гол во купот како и во настапот во квалификациите за Лига Европа.
Неговите одлични настапи не останаа незабележени, бидејќи доби репрезентативен повик за Гамбија и ќе настапи на Африканските квалификации за Куп на Нации и за прв пат ќе го облече дресот на својата земја.
Во групата Гамбија ќе се соочи со Габон (а таму игра капитенот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг), потоа и со Ангола и Конго. Во тимот на Гамбија на Дарбо друштво ќе му прават фудаблерите од Серија А, Муса Бароу (Болоња), Омар (Верона) и Ебрима Коли (Сампдорија).
,,Убаво е чувството да ја претставуваш својата земја, секој фудбалер сонува да ја претставува својата нација и да даде максимум за успех. Би им се заблагодарил на сите мои играчи, тренери и вработени за нивната голема поддршка, бидејќи без нив не би можел да бидам таму каде што сум. Но, кога ќе се вратам, ќе продолжам да работам уште поангажирано “ – изјави за клупскиот сајт Дарбо Дембо.
Извор и фото: FC Shkupi