
За првпат после 19 декември 2017, Едмонтон Оилерс успеаја да слават на канадско тло против Сан Хозе Шаркс.
Имено, во синоќешниот меѓусебен дуел на двете екипи, Оилерс, на домашен терен, триумфираа со резултат од 5-2.
Шаркс поведоа со 0-1 преку Ерик Карлсон во втората минута од втората третина, но до истекот на целиот период, домаќините направија пресврт, благодарение на Каилер Јамамото и на Леон Драисаитл.
Во третиот дел, Дерик Брасард зголеми на 3-1 со својот прв гол на дебитантскиот настап за Едмонтон, а Томаш Хертл го заби почесниот погодок за ,,Ајкулите”.
Мрежата на гостинскиот голман, Каапо Кахконен, кој исто така дебитираше за Шаркс, беше затресена уште двапати до звукот на сирената од страна на гореспоменатиот Драисаитл и на Ивандер Кејн.
Во Западната конференција, Оилерс избија на седмото место, додека Сан Хозе се наоѓа на тринаесеттата позиција.




