
Во најголемото турско одбојкарско дерби, Ечачибаши успеа да го порази Вакифбанк со минимални 0-3.
Номиналните гости, иако важеа за благ аутсајдер, релативно лесно стигнаа до трите бода, освојувајќи ги сетовите со 21-25, со 26-28 и со 21-25 за помалку од еден и пол час.
За Ечачибаши, ова беше прва лигашка победа над Вакифбанк во ,,ВакифБанк Спор Сараји” после 2019 и воедно четиринаесетта во низа во сите натпреварувања.
Од поразениот состав, најефикасни поединки беа Паола Егону со 19 и Габи Гуимараеш со 15 поени.
Што се однесува до избраничките на Ферхат Акбаш, 11 поентирања имаше Ирина Воронкова, а 23 – Тијана Бошковиќ.
На табелата, Ечачибаши го зголеми своето водство на лидерската позиција во однос на денешниот ривал, кој остана на второто место.