
Светското првенство во Планица (Словенија) во нордиска комбинација се заврши со машкото натпреварување на големата скокалница.
На него, до првата светска круна во оваа дисциплина дојде Јарл Магнус Риибер, кој доби злато на сите четири трки од Мундијалот.
Во првата серија, Норвежанецот (23:42,6) скокна 147 метри и постави нов рекорд на скокалницата што му донесе убедлива предност во пресрет на скијачкиот дел.
Неговиот сонародник, Јенс Лураас Офтебро (+1:01,4) се закити со сребро, а првопласираниот во Светскиот куп, Јоханес Лампартер (+1:04,7), освои бронза.
Од целата група што се бореше за медали, без подиум останаа Кристјан Илвес (+1:09,0), Штефан Ретенегер (+1:10,2), Јулијан Шмид (+1:31,0) и Матео Бод (+1:34,4).