
Во деветнаесеттото коло од турската женска одбојкарска Султанлар лига, Ечачибаши го совлада тимот на ПТТ Спор со 0-3.
На гостувањето во салата ,,Башкент” во Анкара, пред околу 5500 гледачи, избраничките на Ферхат Акбаш ги добија трите сетови со 19-25, со 24-26 и со 22-25.
Од домашните редови, 13 поени заби Елен Русо, а по 10 постигнаа Аманда Кампос и Емилија Димитрова.
На спротивната страна, најефикасна беше Тијана Бошковиќ (17 поени), додека двоцифрени беа уште Лаура Ерман (15) и Бејза Аричи (12).
Со натпревар повеќе во однос на Вакифбанк, Ечачибаши изби на врвот на табелата, додека ПТТ остана на шестото место.




