
Триесет и третото коло од англиската Лиг 1 го затвори дербито на Јоркшир помеѓу Шефилд Венздеј и Ротерам.
Овој дуел заврши во корист на Ротерам со 0-2, кој го задржа првото место на табелата и, заедно со Виган, е еден од главните претенденти за влез во Чемпионшип.
Од друга страна, Венздеј остана на осмото место, а во случај на победа ќе избиеше дури на четвртата позиција.
После ,,сиромашното” прво полувреме, домаќините од Шефилд ја презедоа иницијативата и напаѓаа во поголемиот дел од вториот период.
Сепак, Ротерам, иако беше инфериорен, успеа двапати да ја затресе мрежата на Бејли Пикок-Фарел преку Фреди Ладапо (59′) и преку Мајкл Смит (84′).
Токму Ладапо (девет погодоци) и Смит (седумнаесет погодоци) се најдобрите голгетери на популарните ,,Милерс” во тековната сезона.
На листата на стрелците на цела лига, пред Смит, со еден гол повеќе се наоѓаат само Рос Стјуарт (Сандерленд) и Кол Стоктон (Моркемб).




