
Во рамките на петтото коло од турската Султанлар лига беше одиграно најголемото дерби во женската турска одбојка.
Имено, иако важеше за благ аутсајдер, Ечачибаши успеа да дојде до лесен триумф над Вакифбанк.
Номиналните домаќини триумфираа со убедливи 3-0 или по сетови 25-17, 25-21 и 25-20.
Од поразениот состав, единствена истакната во нападот беше Паола Егону со 18 поени.
На спротивната страна, неприкосновена со 22 поени беше Тијана Бошковиќ, а двоцифрени беа уште Ирина Воронкова со 13, односно Ханде Баладин со 12 поентирања.
На табелата, Ечачибаши го држи првото место со максимален учинок како и Галатасарај, додека Вакифбанк е на четвртата позиција со само еден пораз.