
После паузата од речиси две недели, екипите на Јиваскила и на Асат продолжија од каде што застанаа.
Имено, во меѓусебниот дуел, Асат славеше со 1-3 и ја запиша третата врзана победа, додека Јиваскила дојде до четвртиот последователен пораз.
Во втората третина, Дерек Барач и Николас Матинпало стрелаа за 0-2 во корист на гостите, а конечниот резултат го постави Доминик Тарџон во претпоследната минута.
Од друга страна, за домашниот состав, единствен стрелец беше Виле Отаваинен, кој намали на тогашни 1-2 и донесе неизвесен финиш.
На табелата, Асат скокна на осмото место, додека Јиваскила остана на претпоследната позиција.