
Единаесеттото коло од турската женска одбојкарска Султанлар лига беше затворено со победата на Ечачибаши од 3-2 над Фенербахче во големото дерби.
Во мега-пресметка, со различни серии и на двете страни, резултатот по сетови гласеше 16-25, 25-17, 25-21, 17-25 и 16-14.
Од составот на Ферхат Акбаш, најзаслужна за победата беше српската репрезентативка, Тијана Бошковиќ, со 31 поен.
Освен Србинката, двоцифрени за номиналните домаќини беа Салиха Шахин (12) и Бејза Аричи (14).
Кај Фенербахче, под водство на Зоран Терзиќ, двоцифрен број на поени постигнаа четири одбојкарки т.е. Еда Дундар Ердем (11), Ана Лазарева (12), Ана Кристина Де Соуза (15) и Арина Федоровцева (17).
Со осмата победа во низа, Ечачибаши ја презеде втората позиција на табелата, спуштајќи го Фенербахче на третото место.