Еурофарм Пелистер ќе гостува во рамките од петтото коло во групата „Д“ на Спортинг од Португалија кој моментно е водечки во групата „Д“ со шест бодови, пред битолчани на втората позиција. Мечот ќе започне од 20.45 часот, а истиот ќе го судат Михал Бадура и Јарослав Ондогрекула од Словачка.
Немања Обрадовиќ бекот на на Еурофарм Пелистер ја даде следната изјава:
“Имаме самодоверба и победничко чувство. Лутавме на натпреварот против Ним, но потоа ја најдовме нашата форма. Спортинг е интересна екипа, но далеку од тоа дека не можеме против нив. Игравме на нивни терен, можеби тоа е мала предност, но далеку од тоа дека не сме спремни и дека нема да играме во Лисабон на победа. Цел ни е да им ги одземеме тие таканаречени лесни голови и полуконтрата. Мислам дека имаме шанса и ако го исполниме договореното имаме шанса за еден или два бода.”