
Во последниот меч од дваесеттото коло на англискиот Чемпионшип, Дерби Каунти го запиша вториот овосезонски пораз на домашен терен.
Четата на Вејн Руни, на својот ,,Прајд Парк”, загуби со 1-2 од КПР, кој триумфираше по третпат во низа.
После првото полувреме, Дерби имаше предност од 1-0, благодарение на капитенот Том Лоренс (10′), од единствениот шут во рамките на противничкиот гол.
Во вториот дел, избраниците на Марк Ворбартон ја презедоа иницијативата и во педесеттата минута израмнија на 1-1 со погодокот на Крис Вилок по асистенцијата на Чарли Остин.
Победата за клубот од Лондон ја завери резервистот од клупата, Андре Греј (90′), со вистинско ремек-дело по стативата на неговиот соиграч – Илијас Шер.
Со новата победа, КПР скокна на третото место, додека Дерби е последен поради одземениот дваесет и еден поен.